Директорот на новоформираниот Македонски културно-информативен центар во Тирана, Златко Ориѓански реагира на бавноста на албанскиот Парламент, без кој не може да започне со работа оваа институција.



,, Цели 6 месеци чекаме, република Албанија да го ратификува во својот парламент, (формална постапка која се прави за 5 мин), потпишаниот договор за отворање на Македонски културен центар во Тирана, албански во Битола, aтомска централа да отворавме, полесно ке одеше. Македонската страна, одамна го заврши својот дел од постапката. Интересни се сите наши соседи, сакаат да имаат влијание во Мкд, ама ич не им се бендисува ако некој од овде, стапне во нивниот двор.. Овој факт, добро е да го знаат нашите сограѓани со албанско етничко потекло и медумите во Мкд на албански јазик. Божествено голема тајна е да знаеш да земеш, ама уште поголема да дадеш“-напиша Ориѓански на својот ФБ профил.

По потпишаната Спогодба меѓу Владата на Република Македонија и Советот на министри на Албанија за основање Културно-информативен центар на Република Македонија во Тирана и Културно-информативен центар на Република Албанија во Скопје, Ориѓански беше именуван за прв директор,а овој културно-информативен центар.