Заев за референдумот: Донесовме храбри одлуки чии благодети граѓаните веќе ги чувствуваат (ВИДЕО)

Пред крајот на денот кога пред една година се одржа и пропадна референдумот за Преспански договор, премиерот Зоран Заев се сети на „големиот успех“ на неговата кампања за „За европска Македонија“.



„Пред точно една година 610.000 граѓани гласаа ‘ЗА’ нашите најголеми стратешки цели: членството во НАТО и почеток на преговори со ЕУ.

Тоа беше силна порака од граѓаните, како што е денес пораката дека над 80 проценти се за наша евроатлантска интеграција. Донесовме храбри одлуки чии благодети граѓаните веќе ги чувствуваат“, порача Заев, не наведувајќи кои.

https://www.facebook.com/zaevzoran/videos/971222046557436/