Не можеме безусловно да ја поддржуваме Македонија, изјавил вицепремиерот и министер за одбрана Красимир Каракачанов по денешната консултативна средба на државниот врв кај бугарскиот претседател Румен Радев.
„Времето на подавање на топката е завршено“ изјави Каракачанов според кој „Македонците се поигрувале со нас“.
Нашата земја ќе постави услови за северна Македонија“, ја толкуваат изјавата на Каракачанов бугарски медиуми.
Премиерот Бојко Борисов се заблагодарил на состанокот на претседателот Румен Радев и повикал на „братоубиствената пропагандна војна во северна Македонија“. Борисов се противи Бугарија да го запре патот на Македонија кон ЕУ.
„Ако тоа се случи, ќе биде запишано во историјата“, изјавил Борисов, пренесуваат медиуми во соседството.
Тој инсистира на итни средби меѓу Бугарија и Северна Македонија.
„!ека престанат да играат со историјата, минатото и да се концентрираат на иднината“, советувал Борисов.
Влегувањето на Северна Македонија во ЕУ е важно, но тоа нема да биде на наш трошок, рече премиерот.





