Народната партија nна поранешниот австриски премиер Себастијан Курц убедливо победи на вчерашните предвремени парламентарни избори, и според прелиминарни резултати, освои околу 37 отсто од гласовите.
Победата, значително поубедлива од настапот на парламентарнитево 2017 година, значи дека Курц ќе се обиде да формира влада што, како што оценуваат меедиуми, сега може да биде тешка задача.
Триумфот на Курц доаѓа и покрај фактот дека неговата последна влада се распадна во мај, откако неговите екстремно десничарски сојузници, Партијата на слободата (ПС), беа збришани по скандалот со корупцијата во таканаречениот „Ибицагејт“ и до оставка на нејзиниот лидер Хајнц-Кристијан Штрахе .





