Заев се пофали дека уапсил провладин газда и налета на Мицковски

Новинарот и аналитичар Ивор Мицкоски ја коментира изјавата на Заев дека аферата Рекет е позитивна за власта затоа што биле уапсени обвинител и газда на провладина телевизија.



“Не е бе Зоки за фалење дека имаш бивш обвинител, скриен сопственик на телевизија, така да кажам провладин тип во притвор.
Срамота е што дозволивте скриен сопственик и дубиозна телевизија да работи, што ставивте сомнителен обвинител да решава криминали, и што дозволивте провладини квазигазди со кои се дружите и од чии студиа не излагавте, да рекетираат.
И секако, што се криете сите што сте политички инволвирани…”, му напиша на премиерот новинарот Мицковски кој беше избркан од своето работно место затоа што јавно ја критикуваше владата на социјалните мрежи.