Министерот за одбрана и вицепремиер на бугарската Влада Красимир Каракачанов се закани дека неговата партија ќе запре да ја поддржува владата на Борисов ако Македонија не биде блокирана на самитот на ЕУ во октомври.
Во интервју за ТВ Нова Каракачанов испровоциран од новинарката потврди дека Македонија мора да биде блокирана на самитот на ЕУ.
Според Каракачанов ако Скопје не ги прифати бугарските барања датумот треба да биде одложен а ако премиерот Борисов не се сложи со тоа неговите пратеници од ВМРО-БНД ќе ја откажат поддршката за владата.
На почетокот на интервјуто Каракачанов зборува и за претседателот Пендаровски и премиерот Заев и нивната антибугарска политика по потпишувањето на Договорот за пријателство.




