Јоци објави видео од инцидентот со Кежаровски (ВИДЕО)

Новинарката Јорданка Ивановска Јоци вечерва објави видео од инцидентот во кој таа била пречекана на улица од колегата Томислав Кежаровски.



Инцидентот се случува откако предходно сопругата на Кежаровски и упати закана на Ивановска.

Ивановска го објаснува и инцидентот:

J’Accuse…!

Во име на вистината и во интерес на јавноста ја објавувам оваа снимка од вчера. Бидејќи, Кежаровски, за да го оправдаат насилството од вчера врз мене, ја втурнаа во прикаската и нивната ќерка, која искрено не знам ни како изгледа на овие години.

На снимката е улицата Мите Богоевски во населба Лисиче. На оваа улица не живеат Кежаровски. Во еден момент, може да видите дека расправијата и не личи баш на расправија.

На крајот, и покрај се’, јас се паркирам и влегувам во куќата на другарка ми.

За сите наводи, јавни закани, изнесени лаги од сите членови на семејството, ќе бидат поднесени пријави во полиција и кривична за закана.

Нека си донесат писмени или други докази за лажните тврдења. А, немаат.
Јас за нив имам.

Немам намера повеќе никого да толерирам кој ја загрозува мојата безбедност, ме вознемирува на јавна површина, навредува јавно, ми препишува дијагнози, напаѓа и очекува да помине неказнето.

Потекнувам од пристојна, ситуирана и едуцирана фамилија, исто и моите пријатели.

И ова е недозволиво !

https://m.facebook.com/story.php?story_fbid=10219898582474880&id=1230857287&sfnsn=mo&d=n&vh=i