Јовески и Русковска на маки, за неселективна правда мора да гонат и провладин медиум

Ќе отвори ли Обвинителството истрага за телевизјата„24“ и новинарот кој објавил класифицирани информации во врска со истрагата на „Рекет“.



Висок извор од истрагата, за телевизијата потврдил дека Катица Јанева била следена цели две недели пред да биде приведена и однесена на судија во претходна постапка.

“Телевизијата „24 Вести“  објави текст во кој се откриваат класифицирани информации од истрагата за аферата „Рекет“, а за кои е запознаена и редакцијата на „Инфомакс“.  Информацијата која ја објавува телевизијата е наредба за ПИ Мерки за Катица Јанева на барање на Јавното Обвинителство кои се класифицирани. “, пишува порталот инфомакс.мк чиј уредник е кривично гонет за објава на прва страница од исказ за Рекет.

Според порталот нема никаква дилема дека ОЈО треба да санкционира објава на наредби за следење кои се класифицирани на ниво „Строго Доверливо“.

По отварањето на истрагата, обвинителката Вилма Русковска побарала декласификација на прибраните материјали од ПИ Мерките, по наредба на јавното обвинителство. 

Наредбата на јавното обвинителство исто така е класифицирана на ниво „Строго Доверливо“ што пак подразбира и дека ако некој извор од истрагата ова го соопштил на јавноста, во случајов телевизијата „24“ оддал државна тајна/службена тајна.

“Оддавање на тајна во овој случај има и од страна на телевизијата, бидејќи во овој случај, за разлика во случајот на Александар Митовски уредник на „Инфомакс“ документот, односно, информацијта која е објавена на ТВ „24“ е класифицирана. Записникот пак, односно првата страница од истиот за која се гони Митовски никаде нема класификација на било какво ниво. 

Непревземањето постапка од страна на Јавното Обвинителство на ваквото оддавање на тајна класифицирана на ниво „Строго Доверливо“ пак, само ја потврдува тезата за двојните стандарди на правосудниот систем во Македонија.

Секако, новинар или медиум не може да биде одговорен ако некој во рамки на обвинителството оддал тајна, односно ако надлежните не успеале да си ја гарантираат тајноста на истрагата. Во овој случај новинарот и медиумот се апсолутно во право, имајќи во предвид дека нивна обврска и должност е да објават информација од јавен интерес, каква што е и оваа. 

Дотолку повеќе, зачудуваат и двојните стандарди на амбасадорот на ЕУ во Македонија Самуел Жбогар кој однапред го осуди уредникот на Инфомакс за виновен, објаснувајќи дека „новинарот тоа не смеел да го направи“. Оваа непринципиелна изјава на амбасадорот на ЕУ, следуваше откако претставникот за заштита на медиумски слободи на ОБСЕ во Македонија на Твитер напиша дека мисијата одблиску го следи процесот во врска со гонењето на новинарот на „Инфомакс“, пишува порталот на чиј уредник му се заканува затворска казна.

Обвинителството се уште не најавило дали ќе ја гони и провладината телевизија.