Грчкиот премиер Киријакос Мицотакис побара поголемо споделување на товарот за миграцијата, критикувајќи некои држави од Централна и Источна Европа кои не сакаат да прифатат баратели на азил, пишува „Катимерини“.
„Ние ги достигнуваме границите на нашата способност да се справиме со овој проблем“, рече Мицотакис пред Генералното собрание на ОН во Њујорк.
Во својот прв говор пред Генералното собрание на ОН, Мицотакис ја критикуваше „ксенофобичната агенда“ на некои европски земји, кои го користат ова прашање како „оружје“ за политичка експедитивност.
Грчкиот премиер ја повика и Турција и побара да го почитува договорот со Европската унија за стопирање на мигрантите.




