Ѓаволот е во деталите, посебно ако на нив сте се обврзале, а токму тоа е разликата во објавите на Твитер од СДСМ и од нејзиниот лидер и премиер Зоран Заев за државјанството во личната карта на Македонија во Обединети нации.



Прво владеачката партија твитна за настапот на Заев на Генерално собрание на Обединети нации, но без косата црта и формулацијата „граѓанин на Република Северна Македонија“ по „македонско“ за државјанството:

Еден час подоцна се пофали и премиерот дека ја комплетирале личната карта на државата во ОН, но во делот на државјанството со целосниот опис според договорот од Нивици:

Според СДСМ, излегува дека на нејзиниот претседател му успеало тоа што не му појде од рака на ниту еден македонски политичар во разговорите со Грција за разликата за името во последниве речиси три децении, пред да стигне „демантот“ лично од Заев.