Се проценува дека земјава поради неплатен данок од илегалната трговија на тутун, губи 6,24 милиони евра или 0,1 отсто од БДП.
Според истражувањето спроведено од Економскиот институт во Загреб под наслов „Илегална трговија со тутунски производи: искуство на граѓаните и ставови за криумчарење на балканската рута“, дури 11 проценти од пушачите од седумте анализирани земји од Западен Балкан купуваат тутунски производи на „сивиот пазар“.
Во земјава 3,8 отсто од пушачите се снабдуваат на „сивиот пазар“ со цигари, тој процент е најмал во Словенија 3,3 отсто, а најмногу во Црна Гора 27,9 отсто.
Според истражувањето, земјите од Западен Балкан секоја година остануваат покуси за 306,7 милиони евра поради илегалната трговија на тутунски производи, додека шверцерите и нелегалните дилери на тутун остваруваат профит од околу 200 милиони евра.
Извор: Слободен печат




