Соселани на градоначалникот по 3 месеци без вода сами ги пополнија дупките на патот

Денеска месното население на селото Мождивњак, Крива Паланка, самоиницијативно се организира и ги покри трошоците за санација на ударните дупки со крпење на регионалниот пат од Домот до Дубље во должина на 3,5км кој води кон самото село.



Иако во повеќе наврати испраќале иницијативи и барања за санација на патот до општината која ја води нивниот соселанец Борјанчо Мицевски, сите обиди завршувале неуспешно.

Откако биле одбиени и заклучиле дека општината не ја интересира што си ги кршат возилата поради лошиот пат тие решиле сами да платат за санација на патот.

Оваа село цели 3 месеци во текот на летото беше без вода за пиење. И за овој проблем нема разбирање од локалните власти.