Inbox7 открива нов скандал со владини милиони за фирма на Заеви

Истражувачката мрежа inbox7 открива скандал во кој фирма на фамилијата Заеви добила засега непозната сума државни пари од Фондот за иновации.



Правниот субјект „Пауерад“,основан од фирма во сопственост на семејството на премиерот Зоран Заев, добил грант од Фондот за иновации, пишува inbox7.mk на чии прашања во Фондот одбиваат да одговорат, а не ја даваат ниту комплетната листа на добитници на државни пари.

Не се даваат ниту информации за висината на средствата доделени на „Пауерад“ токму на повикот кога Фондот подели околу 10 милиони евра.

Авторот на истражувањето Горан Лефков (lefkov@yahoo.com) открива дека Фондот за иновации и технолошки развој (ФИТР) дал поддршка на фирмата „Пауерад“ од Струмица.

Лефков ја објавува и веста што на 17 септември во 10 часот и 21 минута беше објавена на Фејсбук страницата на Фондот.

Според inbox7.mk фирмата „Пауерад“ е основана на 13 февруари 2018 година, на само неколку месеци од објавувањето на повикот за доделување на спорните грантови од ФИТР.

Целата информација на овој линк