Средбата меѓу американскиот претседател Доналд Трамп и грчкиот премиер Киријакос Мицотакис во рамките на Генералното собрание на ОН во Њујорк е откажана,, јавуваат грчките медиуми, повикувајќи се на извор од делегацијата на Атина во САД, дознава агенцијата БГНЕС.
Поради настаните во Соединетите држави и започнувањето на постапката за импичмент на претседателот Трамп, САД побараа да се откаже состанокот поради внатрешно-политички проблеми, јавува бугарската агенција.




