Директорот на КПУ Затвор – Скопје, Есад Рахиќ, вели дека се шпекулации дека во таканареченото „хашко одеделение“ била притворена Катица Јанева.
„Тоа се шпекулации. Специјалната обвинителка не е сместена во хашкото одделение. Има повеќе блокови, хашкото е да речеме поизолирано.
Господинот Јовановски е таму затоа што дојде прв. Да речеме „прв дојден, прв услужен“. Госпоѓа Катица дојде подоцна и ја сместивме во другиот дел“, изјави Рахиќ пренесуваат медиуми.





