Францускиот амбасадор Кристијан Тимоние вели дека официјален Париз се уште не одлучил како ќе се изјасни за отпочнување на преговорите на Македонија со ЕУ.



„Заслугите и индивидуалниот прогрес на секоја земја ќе бидат вреднувани одделно, но генералниот пристап за проширувањето на ЕУ кон Западен Балкан ќе биде најважен – истакна амбасадорот Тимоние, во врска со тоа дали Македонија ќе биде разгледувана во пакет со Република Албанија кога ќе се одлучува за доделување на датум за отпочнување на преговори со ЕУ.

Амбасадорот вели дека случајот „Рекет“ треба да се разгледува реално и да се стави крај на неказнувањето на политичката елита и на едната и на друга страна.