Кога се појавија „бомбите” во 2015 година објавивме дека не се автентични и целовити односно дека отпосле во нив се вршеле интервенции. Медиумите, новинарите, аналитичарите и хејтерите кои го поддржуваа СДСМ се мајтапеа со фразата ‘сечени, лепени, прелепувани и монтирани’



Пред два дена Зоран Верушевски на сведочење во Суд рече дека сите информации и сознанија во врска со незаконското прислушување завршувале во политичката партија и оти увид во целата документација имал лидерот на партијата. За документацијата уште рече дека доживеала „страотни модификации“ по неговото лишување од слобода во 2015 година.

„Премиерот Зоран Заев, кој ѝ ги претстави „бомбите” на јавноста, и поранешниот претседател на Македонија и на СДСМ Бранко Црвенковски засега молчат за изјавата на разузнавачот Зоран Верушевски.

На оваа изјава на Верушевски засега најмногу ѝ се израдува Никола Груевски, поранешниот премиер и претседател на ВМРО-ДПМНЕ, кој е во бегство во Будимпешта. Тој на својот фејсбук-профил за неа напиша дека „одекна најсилната бомба. Власта ја рушеле со монтирани снимки.

Полека, но сигурно вистината испловува на површина…“, се вели во анализата на МКД.МК.