Еден полицаец и пет цивили биле повреден во бомбашки напад врз автобус што превезувал полицајци утрово во провинцијата Адана, јавуваат агенции.
Повредените со возило на брзата помош биле пренесени во најблиската болница.
Засега не е познато кој е одговорен за нападот, а агенцијата Анадолија пренесува дека се работи за терористички напад.





