Новинарот Реџеп Ќамили, вработен во МРТВ 2, вчера објави дека бил физички нападнат од , Авни Ќаили, уредник на културно информативна програма во јавниот сервис.
Ќамили на Фејсбук објави фоторграфии со гребаници на телото, што, според него, се последица на нападот.
Ќамили за МИА изјави дека по нападот бил на преглед на Ургентниот центар на скопските клиники.
Тој вели дека не му е позната причината за нападот, аслучајот го пријавил и во полицијата, каде е направен записник.




