Кога станува збор за бизнис, министерката за финансии контра Заев за „Северна“

Компанијата Групер.мк која е сопственост на новата министерка за финансии Нина Ангеловска не ги следи сугестиите и практиките за името на владата во која ја контролира државната каса.



Откако е поставена на новата позиција Ангеловска компанијата во своите промотивни пакети ниту еднаш не го користела зборот Северна кој не може да се симне од устата на премиерот и министрите.

Во рекламите на Групер.мк постојано се зборува за Македонија.

Причината за ваквата практика на компанијата може да се објасни со драматичниот пад на продажба на неколку македонски брендови кои под влијание на Владата набрзина го додадоа зборот Северна на амбалажата.

Неколку домашни компании на кои им се случува тивок бојкот од потрошувачите на крајот на годинава ќе имаат помали приходи од лани.