Да го кажеше ова Македонец ќе одговараше за меѓуетничка омраза

Искрена реакција и анализа на аналитичарот и лингвист Арменд Нухиу за односот на македонските Албанци кон државата во која живеат.



“Мнозинството Албанци во Македонија ги сакаат правата, но не ги сакаат одговорностите кон државата и општеството”, вели аналитичарот кој поради својата искреност и објективен однос кон сите граѓани и политички фактори стана популарен и често цитиран извор на ставови во јавноста.

Предходни слични коментари на истата тема искажани од Македонци завршуваа во најмала рака со кавги меѓу Албанци и Македонци на социјалните мрежи но и со реакции на организации за човекови права и институции.