Активистот и член на организацијата Македонски Национален Совет, Роберт Милески, со порака за власта која прави две грешки при прогонот на новинар кој открива криминал.
“Забеганото СДС Обвинителство покренало обвинение против новинарот Александар Митовски по член 360 став 1 од КЗ, односно оддавање службена тајна, затоа што новинарот ја објави првата страна од изјавата на Камчев во распитот за Рекет!
Прво политичкиот аспект – како не ви е срам да се дрзнете да судите новинари затоа што ја кажуваат вистината пред граѓаните! Тоа е срамно и страшно! Создавате новинарски политички затвореници само затоа што се опозиционо настроени!
Вториот аспект е правниот, добро бе, дали вие имате три грама знаење од правото? Ајде да видиме што вели законот”, пишува Милески и го цитира законот кој регулира санкции за оддавање службена тајна:
Член 360
(1) Тој што на јавноста или на неповикано лице ќе соопшти, предаде или на друг начин ќе му ги стори достапни податоците што претставуваат службена тајна или прибавува такви податоци со намера да ги соопшти или предаде на јавноста или на неповикано лице, ќе се казни со затвор од три месеци до пет години.
Милески прашува што значи ова?
“Според овој член може да се обвини единствено ЛИЦЕТО ШТО НА НОВИНАРОТ МУ ГИ ПРЕДАЛО МАТЕРИЈАЛИТЕ, оти ТОА лице ја сторило достапна службената тајна на неповикано лице и на јавноста, во случајот новинарот! Новинарот сам немал начин како да стигне до материјалите, оти тие се чуваат во обвинителство и судот! Новинарот само ги презел материјалите од него и ценел дека се релевантни да се објават (добил материјал од свиркач)! Како бе може да сте толку боси и неуки? Како??
Вакво обвинение кон лице кое нема врска со самиот текст на законот и членот 360 став 1 може да прифати како валидно само сдс партиски суд, никако нормален независен суд!”, пишува македонскиот активист кој ги користи хаштазите:
#НематеПоимОдПраво #ЌеВиПаднеВоВодаАСрамотЌеВиОстане #ПартискоОбвинителство




