Дељо Кадиев, вториот адвокат ангажиран од поранешната шефица на СЈО, денеска изјави дека откако ќе го добијат известувањето дека истрагата за Катица Јанева е завршена ќе побраат да и биде одреден куќен притвор.
„Со завршувањето на истрагата отпаѓа основот за притвор – влијание врз сведоци, и останува само основот за можност од бегство. Ќе понудиме гаранција таа да се брани од слобода“ рече Дељо Кадиев, адвокат кој Јанева исто така го ангажирала да ја брани во случајот Рекет.
Јанева, осомничена во случајот „Рекет“ денеска беше известена дека истрагата за слуачјот е завршена, пренесува НОВА ТВ.
Нејзината адвокатка Ирена Фрчковска рече дека Јанева ќе даде исказ откако ќе ги види доказите против неа.
„Во четврток ќе има увид во доказите, а потоа ќе даде и исказ“ рече адвокатката Фрчковска.




