Седумката на „Лото7“ падна во Кичево

При извлекувањето од играта на среќа „Лото7“ во сабота, се падна седумка вредна 11.966.712 денари (речиси 200.000 евра).



Ливчето со извлечените броеви 5, 6,19, 26, 27, 31 и 34 во 44-коло, било уплатено во Кичево.

По рекордната седумка што вредеше близу половина милион евра (29.293.930 денари) преед пет месеци, ова е втора добивка „седумка“ од почетокот на приредување на играта „Лото 7“.