Заев ќе се сретне со Мицотакис во Њујорк

Денеска, како што најавија грчки извори, треба да се одржи средба на премиерите Зоран Заев и Коријакос Мицотакис во Њујорк, на маргините на Генералното собрание на ОН.



Ова ќе биде прва средба на двајцата премиери откако Кирјакос Мицотакис победи на изборите што се одржаа на почетокот на јули во Грција.

Заев, како што е предвидено, треба да има и официјална средба со генералниот секретар на ОН Антонио Гутереш, како и присуство на приемот на покана од претседателот на САД Доналд Трамп и сопругата Меланија по повод одржувањето на 74-тото Генералното собрание на ОН.