Адвокатот на Бојан Јовановски потврди дека денеска не дале изјава во обвинителството бидејќи немале увид во доказите и најави дека во наредните 15 дена ќе ги разгледуваат доказите па потоа Јовановски ќе даде исказ..



„Не гледаме на кристална топка кои се доказите“, изјави Дуковски.

Дуков ски рече дека во историјата на македонското правосудство не се случило во ист ден да се донесе решение за завршена истрага и да се бара изјава од осомничен кој претходно ниту еднаш не бил известен за доказите против него.

„Со ова денеска се воспостави негативен преседан, обвини Сашо Дуковски, адвокат на Бојан Јовановски во случајот „Рекет“.

„На Бојан Јовановски не му беше овозможено да ги види сите докази. Тој денеска беше повикан да даде исказ, а не во тој исказ да се подметне известување за завршена истрага“, рече Дуковски по излегувањето од обвинителството.