Првоосомничениот за случајот „Рекет“ Бојан Јовановски , кој се наоѓа во притвор денеска е повикан да даде исказ во Јавното обвинителство за организиран криминал за случајот „Рекет“.
Ова е втор исказ на Јовановски за случајот „Рекет“. Првиот исказ Бојан Јовановски го даде на 15 јули годинава кога беше приведен на распит во Обвинителството заедно со второосмоничениот Зоран Милевски и веднаш потоа притворен.
Во изминатиот период во врска со овој случај во Обвинителството сведочеа бизнисменот Силјан Мицевски, водителката Лила Филиповска и пратениците Фросина Ременски и Александар Кирацовски, како и претседателката на Собранието на Меѓународниот сојуз Агапи Дика и бизнисменот Зоран Азманов.
Поранешната шефица на СЈО Катица Јанева, која исто така, се наоѓа во притвор како третоосомничена исказ ќе дава утре.





