Телевизијата Канал 5 открива информации кои во себе содржат потенцијал за нов голем скандал.
Според информациите на Канал 5 цели две години во СЈО во кеш се собирале пари од вработените кои се чувале за ” не дај боже”.
Извори од СЈО за Канал 5 потврдија дека минатата недела екс тимот на Јанева добил писмо од својата екс шефица, во кое таа бара парите од т.н. „ црн фонд “ да и бидат доделени за одбрана во случајот „Рекет“.
Изворот на Канал 5 информира дека „црниот фонд“ бил во некоја рака облигациски фонд, кој се полнел во кеш, веднаш по приемот на платите на вработените во СЈО. Најголемо учество во „црниот фонд“ имале обвинителите и истражителите, значи оние кои имале високи примања, и кои морале да „уплатуваат“ по 3000 ден. месечно во т.н. „плико за црн фонд“. Оние со помали примања уплатувале нешто повеќе од 1000 денари месечно.
Изворот потврдува дека тој „црн фонд“ бил менаџиран од Јанева лично, која ете, според нашиот извор, наводно како да знаела дека ќе и потреба еден ден .
Целата информација на Канал 5 на следниот линк




