За 12 ученици-Албанци се бара отворање на паралелка на албански јазик во ОУ „Његош“ во скопско Јурумлери, бидејќи секојдневното патување до некое од училиштата во градот каде има настава на албански е практично невозможно.
Градоначалникот на Гази Баба Борис Георгиевски вели дека директорот на училиштето поднел барање до министерството за образование за отворање паралелка на албански јазик.
Министерот за образование Арбер Адеми го демантира Георгиевски и вели дека не добиле такво барање.
„Апсолутно тоа не е вистина. Такво барање не е доставено до министерството. Чекаме да достават барање за да може да се отвори паралалке за шесто одделение во О.У “Његош“ во Јурумлери. Последнава недела воопшто не сме разговарале за ова, бидејќи преговорите се одвиваат на друго ниво и не со општината“, вели министерот како што пренесува Алсат.
ТВ 21 веќе две недели се обидува да добие одговор од директорот на на училиштето „Његош“, дали ќе достави барање за отворање албанска паралелка.
Пред неколку дена, жителите на Јурумлери излегоа на протест преку кој се спротивставија – во училиштето да се изучува албански јазик.





