Нов записник од истрагата за СЈО: Димитров знаел за „Рекет“ од дипломат на членка на ЕУ

Министерот за надворешни работи знаел за аферата рекет и уцените за еден почесен конзул на членка на ЕУ со кого сакал да стапи во контакт но бизнисменот и дипломат одбил средба.



Порталот инфомакс.мк открива дека во исказот на еден бизнисмен од источна Македонија, Никола Димитров се споменува како човекот кој меѓу првите добива информација дека во земјата се организира огромна рекетаркска операција за која знаеле во врвот на владата, но како што тврди самиот барем не до тој момент не и Димитров.

“Бизнисменот, кој се занимава со производство на вино (најчесто за ивоз), во својот исказ како сведок во Обвинителството објаснува дека Димитров во еден момент му се јавил на телефон и се обидел да го повика во министерството за да разговараат. Бизнисменот одбил. Никола Димитров наместо да пријави, молчел”, пишува порталот кој објавува транскрипт од исказот.

” Во периодот октомври ноември 2018 година лицето ……. …………. адвокат од Штип, со телефонски број 070/2………………, кој ми е и кумашин и воедно правник на моите компании „Е….“ ми пристапи и ми кажа дека бил на средба во телевизијата на Бојан Јовановски „1ТВ“, и ми раскажа што се случило, бил повкан таму, помислил во својство на адвокатм дека ќе пружа адвокатски услуги на телевизијата, но бил видно изненаден кога состанокот, сопственикот на телевизијата Бојан Јовановски почнал разговор за мене, како јас сум имал проблеми со СЈО и дека доколку сакам да ми биде полесна ситуацијата да платам два милиони евра”, вели сведокот на крајот на првата и почетокот на втората страница од записникот од испрашувањето, водено од Вилма Русковска , пишува инфомакс.мк.

Бизнисменот е и конзул на една европска земја. Поточно на Латвија”.

“По кажување на сведокот, a поради јавниот интерес, треба да се објави дека неговиот адвокат на состанокот со Бојан Јовановски бурно реагирал, прашувајќи го дали тоа од компанијата на бизнисменот се бара рекет. На ова, Боки Тредичи одговорил потврдно, објаснувајќи дека ако тоа не го направат – ако не исплатат два милиони евра – бизнисменот ќе има поголеми проблеми во врска со предметот „Поштенска Банка“, објавува порталот.

Линкот до целата информација овде