Заев и Мицотакис ќе се сретнат во Њујорк

Премиерот Зоран Заев и неговиот грчки премиер Кирјакос Мицотакис, според грчки извори, ќе имаат прва средба на 24 септември во Њујорк на маргините на Генералното собрание на ОН.



Како што јавува дописничката на МИА од Атина, Мицотакис утре заминува за Њујорк, каде што ќе присуствува на 74-тото Генерално собрание на Обединетите нации.

Според информации од Атина, освен со премиерот Заев предвидено е да оствари билатерални средби и со претседателот на САД, Доналд Трамп и со турскиот премиер Реџеп Таип Ердоган, како и со претседателите на Србија, Косово, Кипар, Грузија и Колумбија и со премиерите на Албанија, Австралија, Индија и Ерменија, но и со Генералниот секретар на ОН.