Српскиот претседател Александар Вучиќ го отфрла предлогот на поранешниот претседателот Воислав Коштуница кој изјави дека статусот на Косово може да се реши според моделот на – Хонгконг.
„Имам голема почит кон нашите претседатели Борис Тадиќ, Воислав Коштуница и Томислав Николиќ. Моето прашање е за вас – и што ви значи тоа – како Хонгконг? Кој ќе го прифати тоа од Албанците, кои прогласија независност во мандатот на Тадиќ. Зошто тогаш не беше прифатено?“, праша Вучиќ на прес-конференција.
„Не можам да направам Хонгконг. Ќе поднесам оставка уште утре, ако гарантирате дека ќе го постигнете тоа“.
Тој забележува дека ваквите идеи ги отежнуваат разговорите и преговарачката позиција на Србија.





