Бизнисменот Зоран Азманов вели дека Бојан Јовановски – Боки 13 му се заканувал со објавување документи од СЈО и Финансовата полиција.
Азманов денеска во Обвинителството го дополнил својот исказ во врска со заканата од страна на Јовановски преку, како што ја нарече, безобразната најава на емисијата „Инсајдер“ дека бизнисменот бил дел од градежната мафија и дека за тоа наводно имал докази.





