Македонија во 2018 година била земја на потекло на најголема количина фалсификувани алкохолни пијалаци што се увезуваат во Европска унија, пренесува Радио Слободна Европа.
Според извештајот на Европска комисија, повеќе од 60 проценти од лажните алкохолни пијалаци во Унијата минатата година потекнувале од Македонија.
Босна и Херцеговина, пак, според статистиките на ЕК, е втора меѓу земјите на потекло на фалсификуван амбалажен материјал по Кина, со речиси 78 отсто таква стока.
Турција лани била извор на останатите лажни пијалаци, парфеми и козметика, а Кина и понатаму останува главниот извор на стока што ги крши правата на интелектуална сопственост.
Во 2018 година на царините на ЕУ била запрена лажна и потенцијално опасна стока во вредност од речиси 740 милиони евра.
Станува збор за околу 27 милиони артикли, од кои 15 проценти се цигари, 14 отсто се играчки, а 9 отсто амбалажен материјал.
Еврокомесарот за економски и финансиски прашања Пјер Московици изјави дека откривањето на фалсификувана стока дополнително ја отежнува растот на бројот на мали пакети што влекуваат во ЕУ преку интернет продажбата.





