Симовски: Фантомски гласачи, нема врска… (ВИДЕО)

Во синоќешното гостување на ТВ Телма, директорот на Државниот завод за статистика, Апостол Симовски, го демантираше тврдењето за постоење таканаречени „фантомки гласачи“ штоп не така дамна беше мошне експлоатирана тема.



„Видете што се случуваше со избирачкиот список, кога излезе во јавноста кога можеше секој да види внатре, се случуваа чуда и како ги нарекуваа фантомски гласачи.

Нема врска, ни фантомски гласачи ни ништо“ вели Сомовски..

„Тоа се оние непроменети адреси, се уште егзистираат луѓе на одредени адреси, особено па оние кои се наоѓаат надвор од земјата. Тие за да го задржат правото на државјанство се уште се водат со адреса во државата. И може луѓе кои што пред 50/60 години си отишле од тука живееле во објект кој што се наоѓал на одредена адреса. Мислам дека тоа беше полициската станица во Лисиче таму имаше живи лица. Тие не се фиктивни лица, тие живеле таму некогаш, имало таму објект во кој што се живеело, тој е срушен направена е полициската станица ама куќниот број на тој објект не е сменет“, објаснува Симовски.