Писателот и режисер Александар Русјаков го коментира „бомбардирањето“ од обвинителката Фатиме Фетаи на судењето за случајот „Монструм“.
„’Ние долго ги очекувавме овие бомби, затоа што беа долго најавувани како бум. Но, ништо суштинско нема во бомбите’.
– правна застапничка на родителите на убиените деца кај Смилковско Езеро по презентацијата на ‘бомби’ во новото риалити шоу на турбо фолк обвинителката Фетаи.
Јас имам само две прашања.
До кога ќе им ги убивате децата?
Ќе ги оставите ли веќе еднаш да си ги исплачат душите?“, напиша Русјаков на Фејсбук.





