На повтореното судење за петкратното убиство кај Смлљковското езеро пред 7 години, и при преслушување на вкупно 25 „Бомби“ излезе на површина одбивањето на тогашниот министер за правда Блерим Беџети да го испрати барањето за екстрадиција за Алил Демири и Африм Исмаиловиќ уапсени во Косово, а осомничени за убиствата кај Смилковско Езеро.
Во еден од прислушкуваните разговори, Беџети зборува со Јанкулоска, и ѝ кажува дека утредента, на 15 март 2013 година, ќе го испрати до Приштина барањето за екстрадиција.
„Само, те молам, тоа да биде без медиумска помпа“, бара тој од неа.
„Одлично Блерим, битно е да се испрати. Со датумот за екстрадиција потоа може да се калкулира“, му вели таа.
„Ама и пред избори види да нема судско рочиште“, бара Беџети.
„Нема проблем, нема да има судење пред избори“, го уверува Јанкулоска.
Претходно, на 3 март 2013 година, министерот за внатрешни работи на Косово Бајрам Реџепи ѝ јавува на Јанкулоска дека двајцата главни обвинети ќе бидат екстрадирани. Само ѝ вели, да не настане некоја дилема и забуна.
„Се надевам тие се со сигурност“, вели Реџепи.
„Се надевам нашите ќе го потврдат идентитетот“, му вели Јанкулоска и му се заблагодарува на соработката, пренесува порталот СДК.
Косовските власти се уште не ги екстрадирано Демири и Исмаиловиќ, за кои во обвинението и при повтореното судење, се тврди со докази дека токму тие на 12 април 2012 година ги убија Цветанчо Ацевски, Кире Тричковски, Александар Наќевски, Филип Славковски и Борче Стевковски.





