„Химната“ на одбојкарската репрезентација на Македонија, „Бисер балкански“ од Гоце Николовски, заедно со орото на играчите на теренот го одбележаа историскиот прв триумф на европските првенства над Белорусија.



Домаќинот Словенија, пак, се приклучи на честитките со „Македонија навива за вас“ од Тоше Проески преку разгласот на салата „Стожице“, каде што македонските навивачи еуфорично ја прославија победата од 3:1.

Заедно со Македонците се радуваа и фановите на Финска, некои од нив со македонското знаме, поради услугата од македонските одбојкари по нивниот вчерашен пораз токму од Белорусија со 3:2.