Хелсиншкиот комитет за човекови права поднесе претставки до Советот за етика во медиумите против порталите expres.mk и vistina.com.mk за вознемирување врз основа на пол и род.



Причина за реакцијата е информативниот текст на Expres.mk. околу новиот состав на тимот на минитерката за финансии:

„Хелсиншки“ не открива конкретно кои делови од текстот на Expras.mk се навредливи:

„Покрај сите апели до медиумите да не пренесуваат сексистички објави без критички да им се осврнат, одредени медиуми и новинари и самите се извор на вознемирувачки и мизогини изјави. Наместо да се борат против дискриминацијата и негативните појави во јавниот дискурс, тие директно придонесуваат за создавање атмосфера во која се исмева женското учество во јавниот живот и жените воопшто. Ваквото известување создава непријателска и понижувачка средина за сите жени“, велат од Хелсиншкиот комитет.

„Хелсиншки“ го повикува Советот за етика за медиумите и Здружението на новинарите најостро да ги осудат ваквото известување и ваквите изјави од новинарите, како и да повикаат на почитување на човековите права и слободи.