„Кога и да има избори победник е СДСМ и напредната, прoгресивна опција што ја предводи. Тоа го потврдуваат и анкетите,- порачуваат од СДСМ од каде оценуваат дека барањето на ВМРО-ДПМНЕ за предвремени избори е класичен блеф.
„Освен одбрана на криминалците и обнова на криминалниот режим ВМРО-ДПМНЕ и Христијан Мицкоски ништо друго не ги интересира, велат од владејачката партија според која СДСМ работи домаќински и одговорно исклучиво во интерес на граѓаните.
„Еден од клучните столбови на програмата „За живот во Македонија“, парите кај граѓаните е целосно исполнет на повеќе од две години од крајот на мандатот. СДСМ и Владата која ја предводи, посветено работи на зајакнување на капацитетите на правната држава, со новиот Закон за ЈО градиме независен и неселективен судски систем и обезбедуваме правда за сите. Република Северна Македонија е правна држава и секој што ги прекршил законите ќе одговора“, велат од СДСМ.





