Бразилско месо „зачинето“ со салмонела се заканува на Балканот

Влез на повеќе 27 тони пилешко месо од Бразил бил забранет на почетокот мна овој месец во пристанишниот град Драч, Албанија, по забраната издадена од  Албанската национална агенција за храна (АКУ). Причина, присуство на високи концентрации на салмонела.



Само неколку дена претходно Агенцијата забрани влез на вкупно 387,1 тони свинско и пилешко месо увезени од Бразил, Канада, Кипар и беа вратени назад во земјата на потекло. Од вкупното количество 53 тони биле наменети за Косово.
Бразил е главен извор на месо од живина и свинско месо за албанските увозници. Од поодамна Албанската агенција за храна врши ригорозна контрола на месото, бидејќи честопати трговците увезуваат месо кое е проблематично за исхрана.

Минатата година Европската комисија забрани увоз на месо од 20 капацитети за преработка на месо во Бразил. Комисијата воедно истите капацитети ги стави на црниот список поради недоволна контрола на месото.

Бразил минатата 2018 година извезол 4,1 милиони тони пилешко месо.