Ѕверство: Со секира касапел кучиња во Аеродром (ВИДЕО)

Едно мртво, едно го нема a уште едно куче повредено е билансот на соноќешното  дивеење во скопскатата населба Аеродром во кое непознат сторител со секира касапел кучиња.



Жителите се многу вознемирени и утрово повикаа полиција. На местото каде едно од кучињата умрело од тешките повреди и најверојатно искрварило до смрт бидејќи има и многу крв околу, прави увид полицијата.

Неодамна, јавноста беше шокирана кога маж во Дебар Маало закла куче со секира пред очите на многумина посетители на локално кафуле. Човекот беше снимен и брзо идентификуван. Доби парична казна од 800 евра и беше поведена и кривична постапка за кривично дело мачење животни, предизвикување јавна опасност.

Извор: Досие