Платите на специјалната јавна обвинителка Катица Јанева и на другите во СЈО останаа тајна дури и сега кога институцијата по 4 гдини зџаминува во историјата.
Претеникот на ВМРО-ДПМНЕ на Фејсбук објави колкави (биле) се примањата на луѓето од тимот на сдега веќе бившата прва дама на СЈО:
1. Просечните месечни примања на вработените во СЈО со високо образование се 80.000 денари (редовна плата + 35% повишица за вршење на јавно-обвинителска дејност + исплата на додаток по основ на спорни договори за чување деловна тајна).
2. Просечните месечни примања на помошниците обвинители на Катица Јанева во СЈО се 220-260.000 денари, (според истите три основи), напиша Милошоски на Фејсбук.
„Фокус“ потсетува дека „прашањето за високите плати во ова обвинителство се актуелизираа во јавноста набрзо по формирањето на институцијата во 2015 година, кога од СЈО истакнаа дека специјалните обвинители земаат плати од околу 3.500 евра и дополнителни надоместоци поради големиот обем на работа.
‘Сите плати, додатоци на плата се пресметуваат согласно законските одредби и не ги надминуваат границите кои што законот ги предвидува’ – рече тогаш обвинителката во СЈО и портпаролка на институцијата Ленче Ристовска“, потсетува Фокус.






