Мандатот не обвинителите на СЈО не може да го надмине мандатот на специјалната јавна обвинителка, оттаму Советот на јавни обвинители за „судбината“ на обвинителите ќе расправа веќе утре.
За јавните обвинители кои се дел од СЈО, ќе мора да се применат одредбите од Законот за Специјалното јавно обвинителство за претстанок на нивната функција.
„Тоа што во понеделник ќе го констатираме со одлука. Став на Советот е дека не постојат услови за поставување на вршител на должност во Специјалното јавно обвинителство имајќи го во предвид самиот Закон за СЈО каде е наведено дека предлогот за именување на специјален јавен обвинител го дава Собранието. Очекуваме предлог од Собранието и ако биде доставен ќе постапиме по предлогот, бидејќи законот се уште е во важност“, изјави вчера претседатетолот на Советот Ацо Колевски.
Мандатот на специјалната јавна обвинителка Катица Јанева требаше да истече денеска, но таа вчера беше разрешена поради незаконско, нестручно, и несовесно работење. Таа „усно“ поднесе оставка на 15 јули веднаш по објавувањето на аферата „Рекет“ и апсењето на прво и второ осомничениот – Бојан Јовановски и Зоран Милески Кичеец.






