Ракометарите на Вардар ја оправдаа титулата европски првак со триумфот од 33:31 во Монпелје на стартот од Лигата на шампионите!
Иако без повредените Стоилов и Де Толедо, како и со реконструиран состав во однос на минатата сезона, македонскиот шампион ја продолжи успешната серија против бившиот освојувач на ЛШ и во Франција, каде што нема пораз.
Вардарци беа потрпеливи и поумешни во завршницата од мечот, кога направија пресврт по водството на противникот од 29:27 и преку Дибиров го запечатија првиот триумф во групата Б сезонава.
Творец на пресвртот и на победата беше Скубе со осум гола од девет обиди, вклучувајќи ги соло акциите во финишот. Дибиров постигна шест, Шишкарев пет, а Атман четири погодоци.
Во второто коло следната недела од 17 часот „црвено-црните“ го пречекуваат Порто.





