Запрашан дали блокираните преговори со опозицијата и случајот „Рекет“ ќе бидат причина за одлагање на датумот за преговори со ЕУ за нашата земја, премиерот Заев, во влчерашнорто интервју за ТВ „Сител“ рече дека тој останува оптимист и дека за тоа има добри причини.
„Јас сум премиер и таа позиција ми овозможува фреквентна комуникација со државниците на земјите членки на ЕУ, или со нивните амбасадори во нашата земја.
Со случајот „Рекет“ Северна Македонија прокнижува поени. Се спроведува независна истрага, премиерот пријавил случај, обвинител има во притвор. Сето тоа покажува дека правосудните инстанци се растеретуваат од политиката. Тоа значи за Северна Македонија уште еден плус, зашто борбата е високо на нашата агенда дома, а тоа го гледа и ЕУ во делот на обврските од реформите.
Тоа е добра причина датумот секако да го добиеме во октомври како што беше ветено“, истакна Заев.
Премиерот останува на ставот дека барањето за предвремени избори само ќе го забави спроведувањето на реформите и на придобивките од економските резултати кои се најважни за граѓаните.




