Ќе го истера ли Катица мандатот на чело на СЈО?

Доколку денес или утре не се одржи собраниска седница на која ќе се најде прашањето за разрешување на притворената специјална јавна обвинителка, мандатот на Катица Јанева и без тоа ќе заврши на 15 септември (недела).



„Во секој случај нема да биде на 15 септември. Во цајтнот, последниот ден нема смисла, ни потреба да се одржи таа седница“ изјави спикерот на парламент Талат Џафери кој најави дека седницата за разрешување на специјалната обвинителка Катица Јанева ќе ја закаже за денеска или за утре.

Изминативе два дена опозициската ВМРО ДПМНЕ бараше итно разрешување на Јанева.

Во два наврати, инаку, Јанева поднесуваше оставка…