Македонија воспостави дипломатски односи со Сент Китс и Невис

По Кипар на 30 август, Македонија денеска воспостави дипломатски односи и со Сент Китс и Невис, објави државата составена од два острова меѓу Атлантски Океан и Карипско Море.



„Честитки за високиот комесар на Сент Китс и Невис, Кевин Ајзак, за неговата одлична дипломатија во името на неговата држава. Денеска сме горди со воспоставувањето дипломатски односи со Република Северна Македонија и се надеваме на продлабочување на нашите односи“, објави на Твитер министерот за надворешни работи и авијација на Сент Китс и Невис, Марк Брентли.