Инспекторот Илиевски трпи притисоци

„Откако се вратив од одмор, едноставно повеќе не ми даваат работни задачи, ми ги одземаа предметите“, се пожали инспекторот Ѓорѓи Илиевски кој беше деградиран на неколку месеци пред пензија поради тоа што ги обелодени неправилностите за доделување научни звања на Тетовскиот универзитет..



„Мобингот е невиден – вели Илиевски – а доаѓа од страна на премиерот Зоран Заев и од страна на министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски кој целосно го поддржува директорот на Државниот просветен инспекторат, Томе Спировски, кои се во кумановска роднинска врска“,

Просветниот инспектор рече дека од германската амбасада во Скопје се заинтересирале за неговиот случај и за некои работи биле запознати и дека согласно нивните активности ќе ги проследат нивните извештаи до нивната земја.