Изминатата ноќ, околу 3 часот по полноќ, поголема група луѓе упаднале во старата Градска болница и го нападнале персоналот, а подоцна и со полицијата која интервенирала.
„Откако во болницата било донесено лице со посекотина на раката, кратко по него упаднала поголема група лица кои го нападнале персоналот. Поради инцидентот болницата не примала пациенти до утрото, дознава „Телма“.
Настанот го потврди и МВР, кој соопшти за еден приведен во инцидентот:
„На 12.09.2019 во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“ во Скопје полициски службеници го лишиле од слобода С.М.(31) од Скопје поради тоа што во 02.45 часот во болницата физички нападнал вработен како обезбедување во болницата и двајца полициски службеници кои извршувале службени дејствија и интервенирале по пријава за физичкиот напад врз вработениот…“





